18/04/2025

Општина Куманово објави повик за поддршка на корисници на гарантирана минимална помош


Општина Куманово објави повик за поддршка при плаќање кирија и надоместок за комунални услуги за ранливи категории граѓани, корисници на гарантирана минимална помош за надоместок, соопштија денеска надлежните.


Повикот се однесува на одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица-корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година за право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија. Овие права можат да ги користата лицата со статус, корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).
Покрај барањето, заинтересираните треба да достават, лична карта, сметка од ЈП „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“, – решение издадено од ЈУМЦСР Куманово коешто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, договор за наем на стан/куќа.


Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) најдоцна до 10 февруари годината. ам/дма/