Во Берово се одржа деветтата седница на Советот за развој на Источно – планскиот регион, на која се расправаше по повеќе точки на дневен ред, со главен акцент на предлог проектите за развој и финансирање за 2023 година.
-На разгледување беа повеќе предлог одлуки меѓу кои предлог одлука за преотстапување на изграден објект ,,Реконструкција на градски парк – Кочани”. На седницата беше определен правилник за определување на траењето на годишниот и платениот одмор и случаите на користење на неплатено отсуство, а имавме и предлог-согласност за склучување на договор за отстапување на привремен агенциски работник за вршење привремени работи, информираа од Центарот за развој на Источно-планскиот регион.
На седницата беше разгледана и програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година, со индикативно планирани средства за 2024 година.
-Во таа насока пред градоначалниците на општините од Источно – планскиот регион следеше известување за обезбедени финансиски средства, како и предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година, додадоа оттаму.
Од страна на овластена служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Кавадарци, пред присутните, беа презентирани услугите кои фирмата ги нуди за регионално третирање со адулативен третман на комарци. вс/дма/
Берово, 1 февруари 2023 (МИА) –