Одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје


– По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.


Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.


Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија. ир/нд/Фото: Град Скопје .

Извор: МИА