Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности


На регионалниот пат од село Кокино до село Арбанашко од утре ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правца поради градежни активности.


Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека секој работен ден од понеделник до сабота во периодот од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин.


 – Времениот режим ќе трае 30 дена, односно се до завршување на градежните работи, се наведува во соопштението. бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА