Од утре повторно почнува со работа затворениот градски базен во Куманово, соопштија денеска надлежните. Информацијата ја објави и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
– Од утре (01.02.2023) започнува повторно со работа фрадскиот базен во Куманово. Ве очекуваме во топол, пријатен и освежен амбиент, објави Димитриевски.
Базенот беше затворен на 18 октомври, лани, поради високи сметки за електрична енергија и гас, како што објаснија тогаш од ЈП „Чистота и Зеленило“ кои во тој период менаџираа со базенот.
Базенот не работеше ниту од почетокот на минатата година, поради високи сметки за електрична енергија и гас.ам/
Куманово, 31 јануари 2023 (МИА)