15/02/2026

Од утре облачно и потопло, од петок пораст на температурата


Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец.


Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 12, а максималните од 10 до 19 степени.  Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно.


Минималната температура ќе биде 9, а максималната 17 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и в сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата.


В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.

 Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од пет до 15 степени, а максималната од 16 до 28 степени. мд/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА