По минатогодишните успешно организирани настани со наслов: „Живот и работа во Словенија“, Заводот за вработување на Република Словенија, во првата недела од декември ќе организира уште три слични настани, на кои словенечките работодавачи ќе имаат можност да се поврзат со барателите на работа од цела Македонија.
На настаните оваа година ќе присуствуваат 22 реномирани словенечки работодавачи од различни делови на Словенија, кои вработуваат вкупно повеќе од 17.000 работници. Најголем дел од нив се од секторите: здравство и социјална заштита, транспорт и складирање, преработувачка индустрија, како и од градежништвото, од туризмот и од други дејности.
На настаните во Скопје, Штип и Прилеп, ќе учествуваат работодавачи кои имаат потреба за работници од различни професии, а првенствено, се бараат соодветни кандидати за работа во здравството и негата, за возачи на камиони и автобуси, магацински работници, готвачи, келнери и други угостителски и туристички работници, производствени работници, различни профили на работници во градежништвото итн.
Главната цел на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на странските лица кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.
Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот во:
-
- Скопје, понеделник, 2.12., хотел „DoubleTree by Hilton Skopje“,
-
- Штип, вторник, 3.12., хотел „Оаза“,
-
- Прилеп, среда, 4.12., хотел Кристал Палас.