23/05/2025

Nvidia планира да изгради објекти за вештачка интелигенција вредни до 500 милијарди долари


Технолошкиот гигант Nvidia соопшти дека планира да изгради објекти за вештачка интелигенција вредни до 500 милијарди долари во САД во следните четири години, со помош на партнери како TSMC, пренесува Ројтерс.


Овој потег го усогласува гигантот со чипови со вештачка интелигенција – чиишто повеќето процесори се произведени во Тајван – со група технолошки компании кои ветија дека ќе го вратат производството во САД поради заканите за високи царини од претседателот Доналд Трамп.


Nvidia веројатно нема да го пресели производството во САД без притисок од администрацијата на Трамп“, коментира аналитичарот на DA Davidson, Гил Лирија, цитиран од Ројтерс. „Бројката од половина трилион долари е веројатно хипербола, на ист начин како што Арел вети половина трилион“, додава тој.

Apple, кој ги поседува повеќето од своите iPhone телефони во Кина, во февруари вети половина трилион долари инвестиции во САД во следните четири години, вклучително и фабрика во Тексас за уреди со вештачка интелигенција.


Производството на чипови со вештачка интелигенција и суперкомпјутери во САД ќе создаде стотици илјади работни места во наредните децении, рече Nvidia.

Компанијата исто така објави дека TSMC започна со производство на најновата генерација чипови во својата фабрика во Аризона.