18/04/2025

Нов паркинг со 60 места во населбата Стар Аеродром


Во населбата Стар Аеродром е пуштен во употреба нов паркинг од околу 1500 квадратни метри и капацитет од 60 места за паркирање возила.
– Проектот е целосно финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и е дел од градежната офанзива која почна во 2022, а продолжи во 2023 година. Со ова локалната самоуправа решава еден важен проблем за жителите кој живеат во овој дел од општината, соопшти Општина Аеродром.


Градоначалникот Тимчо Муцунски на Фејсбук напиша дека настојуваат во работата да стават акцент на најважните предизвици со кои се сооочуваат граѓаните, водејќи сметка за развојот на секое населено место.


-Во буџетот за оваа година предвидени се голем број инвестиции со кои Аеродром и понатаму ќе биде најубаво место за живеење, соопшти Муцунски.

Општината информира дека во тек се подготовки за изградба на над 160 нови паркинг места на уште две локации во Аеродром – во близина на „Мајчин дом“ и во населбата Мичурин.


-Истовремено, во населбата Лисиче активно се работи на целосна реконструкција на нови улици. Во буџетот на Општина Аеродром за 2023 година обезбедивме 30 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и повеќе паркинг места за поубав Аеродром и поквалитетен живот во секое населено место, се наведува во соопштението. хс/сст/