Вчера во Скопје се одржа 16-тото Национално првенство на бармени, организирано од страна на Асоцијацијата на бармени на Македонија, која веќе две децении активно работи на унапредување на коктел културата и промоција на професијата бармен.
Според информациите од организаторите, на натпреварот зедоа учество вкупно 21 бармен од целата земја. Младиот Никола Анастасијески од Скопје го освои највисокото место.
Искусниот Васил Пеевски се здоби со второто место, додека Вања Головски беше трет.
Анастасјески ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар на бармени, кој оваа година ќе биде домаќин на Картагина, Колумбија во ноември.
“Првенството на бармени уште еднаш покажа дека Македонија има одлични бармени и дека оваа професија има светла иднина”, стои во известувањето од Асоцијацијата на бармени.
нд/лв/Фото: Здружение на бармени