Научна конференција „120 години од Илинденското востание“ ќе се одржи денеска во конференциската сала на старото училиште во Крушево, со почеток во 10 часот.
Организатор на научната конференција е Матицата на иселениците од Македонија. Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ проф.
д-р Љупчо Коцарев, а поздравен говор ќе има градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски. – Во рамките на научната конференција во 10. 30 часот, проф.
д-р Катерина Тодороска ќе го промовира „Зборник на трудови – 120 години од Илинденското востание“, а проф.
д-р Ленина Жила ќе ја промовира монографијата “Документи од Државниот архив на Македонија – 5 тома“. На научната конференција со почеток во 11.
30 часот ќе се претстават трудовите за Илинденското востание од учесниците Катерина Тодоровска, Владо Поповски, Наташа Котлар Трајкова, Билјана Ванковска, Васил Тоциновски, Ленина Жила и Јасмина Дамјановска, Силвана Сидоровска Чуповска, Валентина Миронска, Благица Сековска, Васил Стерјовски и Васко Гичевски, известуваат од Матица на иселеници.
Во рамки на конференцијата Стојан Герасимов и Костадин Георгиев ќе одржат трибина на тема „Нашата борба за македонството во Пиринска Македонија“.
Планирано е и отворање на изложба „Илинден во иселеничкиот печат“, подготвена од Елена Оровчанец – Спироска, со графичка обработка на Кристијан Петрески.
Покровители на научната конференција се општините Крушево, Прилеп, Карпош, Куманово и Битола. ир/фф/ Фото: Матица на иселеници од Македонија .
Извор: МИА