Breaking News

Напаѓачот кој повреди со нож деца во Франција немал „терористички мотив“


Сириски бегалец, осомничен дека денеска избодел шест лица во францускиот алпски град Анеси, најверојатно немал „терористички мотив“, изјави локалниот обвинител.


Лине Бонет-Матис рече дека од четирите деца повредени во нападот, едното било на возраст од само 22 месеца, две биле двегодишни, а најстарото имало три години. Сите се во животна опасност.


Повредени се и две возрасни лица. Осом ничениот е на возраст од 31 година и е сириски азилант кој е приведен. Добил статус на азилант во Шведска во април. зш/ .

Извор: МИА