Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде се измерени – 8 степени, а најтопло е во Дојран со 5 степени. Минусни температури има и во Берово, Крушево и Охрид, додека во Скопје измерени се 4 степени.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 10 сантиметри.
Времето во текот во текот на ноќта беше променливо облачно и дуваше претежно слаб ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно. Во Дебар утринава е забележана магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Денеска наутро понекаде во котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје наутро магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. аа/