Breaking News

На ГП „Табановце“ за влез во државава се чека 45 минути


Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за влез во државата времето на чекање е околу 45 минути.


На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.


Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. свс/лв/Фото: МИА архива .


Извор: МИА