Министерството за внатрешни работи објави дека во текот на изминатите денови на социјалните медиуми се појави лажна информација во која се наведува дека одредени помали фирми за технологија, наводно, нудат современи мобилни телефони преку “внатрешна програма” поради оштетено пакување.
“Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба”, апелираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека технолошките компании немаат скриени веб-страници за “специјални” телефони и не ги пласираат своите производи преку социјалните мрежи или неофицијални патишта.
“Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица”, апелираат од МВР до граѓаните.
бак/дма/Фото: МИА архива
Извор: МИА
biznisvesti.mk портал