Breaking News

МОФ ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци


Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година.


Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.


-Во 2026 година, Младинскиот образовен форум, повторно ќе ги отвори вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје.

Подготовките за овој голем настан веќе се во тек, а нашата цел е да организираме првенство кое ќе постави нови стандарди, ќе се памети долго и ќе придонесе кон уште поголемо меѓународно етаблирање на нашата дебатна заедница, велат од МОФДополнително, додаваат, целта им е да ги инспирираат младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството.


сст/дма/фото МИА архива   .

Извор: МИА