Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, денес соопшти дека Мексико нема да ги воспостави повторно дипломатските врски со Еквадор додека Даниел Нобоа е на чело на државата.
Раскинувањето на релациите меѓу двете држави е резултат на упадот на еквадорските сили за безбедност во мексиканската амбасада во Кито, кој се случи во април 2024 година.
После тој инцидент, Мексико ги повлече своите дипломатски претставници од оваа јужноамериканска земја. „Мексико нема да ги обнови дипломатските односи со Еквадор се додека претседател на таа земја е Даниел Нобоа.“ јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА