Денеска, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир посветен на темата „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.
Од Институтот истакнаа дека медиумите имаат значајно влијание во креирањето на јазикот на една заедница, а истовремено претставуваат и моќен фактор во обликувањето на културниот, општествениот и политичкиот живот на истата. “Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница.”
Исто така, тие додадоа дека медиумските текстови во денешно време имаат општествена улога и претставуваат еден вид “конверзација” за тековните прашања.
На собирот, обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот „Јазикот во уметничката литература“ ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.