25/04/2025

МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници


Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници.


– Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници.


Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување.

Споредено со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумски работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето, во овие траорни моменти на колективна тага и гнев, се вели во соопштението од МДТ.


Апелираат до надлежните институции за итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на секој кој се заканува и го попречува работењето на медиумите за да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци.

 – Овие тешки моменти се тест за целата држава.


Ќе ги следиме и во иднина сите слични случаи, затоа што безбедноста на новинарите е од најголема важност за  функционирање на демократијата, наведуваат од МДТ. са/Фото: МДТ    .

Извор: МИА