15/02/2026

Макрон апелира на инвестиции во Албанија, со визија за влез во ЕУ во 2027


Францускиот претседател, Емануел Макрон, денес во Тирана ги охрабри интернационалните инвеститори да ја посетат Албанија, истакнувајќи дека државата ќе биде дел од Европската унија “за две години”.


Макрон ја претстави Европа како “стабилно и доверливо место” за време на економскиот форум “Приоритет Европа”, организиран од институтот “Иницијатива за идни инвестиции” (Future Investment Initiative-FII) на Ричард Атијас.


“Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети”, порача Макрон.

Состанокот има за цел да ги спои европските лидери и иноватори со суверените фондови и директорите на компании од Блискиот Исток, Азија и САД. Францускиот претседател гледа на Албанија како “влезна точка” во балканскиот регион и пошироко, во медитеранскиот басен.


“И за две години, за што премиерот Еди Рама има јасен мандат, таа ќе се приклучи на ЕУ”, изјави Макрон.

Рама посочи дека преговорите на неговата земја за пристапување во ЕУ започнале во 2022 година и додаде дека ако “добро ги завршат сите свои задачи”, би можеле да ги “заклучат до 2027 година”, додавајќи дека тоа “би било неверојатно”.


јт/Фото: ФИИ на Х скриншот .