22/05/2025

Македонски вина и вински туризам: промоција денес во Тирана


Во рамките на настанот „Недела на македонската култура”, денес во Тирана ќе се одржи „Промоција на македонски вина и вински туризам”.


Овој настан требаше да биде реализиран денес, но беше одложен затоа што во Албанија е Ден на национална жалост, во знак на почит кон починатиот Папа Франциск.


На денешната промоција 12 реномирани македонски винарии ќе ги презентираат своите вина, а исто така ќе ги претстават потенцијалите за вински туризам.

Промоцијата ќе започне во 14 часот во познатата „Пирамида“, исклучително културно обележје во срцето на Тирана, со интонирање на македонската химна, додека дополнително програмата ќе биде надополнета со настап на фолклорна група од Пустец, чии членови во традиционални македонски носии ќе изведат неколку македонски песни и ора.


Пред овој важен настан, денес во просториите на македонската амбасада во Тирана, вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу, одржа средба со претставниците на македонските винарии, на која заеднички размениле искуства, идеи и визии за промовирање на нивните производи, со искреност и надеж за уште поперспективна винска иднина.

Неделата на македонската култура, која за првпат се случува во Тирана, беше свечено отворена на 23, а ќе заврши на 30 април.