10/07/2025

Македонската амбасада во Атина потоната во тага: Емотивни сцени и пораки на сочувство (Фото)


Македонското знаме на зградата на амбасадата во Атина, од вчера попладне се развеа на половина копје поради несреќата во Кочани и трагичната загуба на 59 животи, извести дописничката на МИА од Атина. Од денес е достапна и книга на жалост за граѓаните.


Во книгата на жалост прва се запиша амбасадорката Лидија Бошковска, по што се потпишаа и вработените во амбасадата, како и дописничката на МИА. Слична книга на жалост е отворена и во македонскиот конзулат во Солун.


За сите заинтересирани да се потпишат, книгата на жалост и во амбасадата во Атина и во конзулатот во Солун ќе биде отворена секој ден, заклучно со петок, од 9:30 до 12:00 и од 13:30 до 15:30 часот по локално време. Како што е наведено, цитираме: “Македонското знаме на објектот на амбасадата во Атина, од вчера попладне се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица, а од денеска е отворена и книга на жалост.”

ср/са/Фото: МИА
Извор: МИА