18/04/2025

Магла на патот Катланово – Велес


Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри, утрово има на патниот правец Катланово – Велес, соопшти АМСМ.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Затворен за сите видови возила е и патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица.


До 15 март годинава трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба./