Breaking News

Љутков: ККИ се мостот меѓу културата и туризмот, последниве години беа маргинализирани


Последниве седум-осум години креативните и културни индустрии (ККИ) се некако маргинализирани. Во 2009 година се првпат формирани ККИ.


До 2017-та сме имале некаков развој, се отворале повеќе програми, но од 2017-та наваму до крајот на 2023 година нема развој во креативните индустрии.


Затоа сега, со триплирање на буџетот, мислам дека ќе имаме многу голем успех, барем малку да се приближиме до современите европски земји, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков по промоцијата на научниот зборник од 7.

Меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. век“.


Според него, креативните и културни индустрии се мостот меѓу културата и туризмот и се исклучително значајни за економијата. -Владата претендира на локалната економија да и даде повеќе внимание.

Креативните и културните индустрии буквално ќе ги обединат младите во локалните средини околу креативни идеи, околу развојот на туризмот, занаетчиството, гејмингот, модата, дизајнот,. .


Со тоа ќе си овозможат самовработување, ќе може да ја подигнат свеста во делот на екологијата.

Сакаме преку програмите да ги стимулираме младите креативци, да им помогнеме во нивните старт-апи и идеи за да бидат повидливи и да им дадеме можност да останат да творат овде, а не некаде надвор во некоја од европските земји, изјави Љутков.


Промоцијата ја организираше Факултетот за туризам и логистика, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. мч/ев/фото: МИА .

Извор: МИА