18/04/2025

Ковачевски во посета на компанијата „Пекабеско“ и на средба со пензионерите


Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за економија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, ќе ја посети компанијата „Пекабеско“.


Како што најавија од владината прес-служба, по обиколката на производствените капацитети на „Пекабеско“, предвидени се изјави за медиумите.


Подоцна во текот на денот премиерот ќе одржи и работна средба со пензионерите.

Средбата со пензионерите Ковачевски ќе ја одржи заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во Сојузот на здруженија на пензионери.бт/са/