09/11/2025

Костадинов на средба со директорот на Агенцијата за туризам, Јаневски


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска имаше средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.


Како што информираше струмичкиот градоначалник, на средбата е разговарано за туристичките потенцијали на Струмица, која е позната културно-историска и туристичка дестинација и која сериозно вложува во подобрувањето на туристичката инфраструктура, но и ги следи трендовите и своите понуди ги прилагодува на интересите на туристите.


– Ми беше гордост со директорот Јаневски да разговараме и за нашиот најголем туристички настан – Карневалот и неговата годинашна програма, а за кој сум убеден дека ќе привлече поголем број домашни и странски туристи и сите заедно уште еднаш ќе се гордееме со оваа наша вековна традиција, напиша во објавата Костадинов.

Тој потенцираше дека заеднички бил заклучокот дека и во услови на сериозна економска криза не треба да се откажуваме од оваа гранка, туку напротив да се бараат и нови форми на туризмот кои ќе го поттикнуваат и локалниот економски развој.рт/фф/