Косовската царина денеска соопшти дека од почетокот на оваа година собрала повеќе од милијарда евра приход, и тој факт го оквалификува како – историски успех.
Од формирањето на Царината (1999 година), се наведува во соопштението, таа сума за првпат е достигната во периодот јануари-август.
„Ова достигнување претставува важна точка за институцијата и за економијата на нашата земја, одразувајќи ги континуираните напори за подобрување на процесот и зголемување на ефикасноста на нашите услуги“, се вели во соопштението на Царината.
За тој успех имало комбинација од повеќе фактори.
„Овој нов рекорд е резултат на комбинација на фактори, вклучително и подобрени царински процедури, а имплементацијата на нови системи и технологии за поедноставување и забрзување на царинските процеси одигра клучна улога во постигнувањето на тој успех“, се вели во соопштението.
зш/ .
Извор: МИА