Breaking News

Коњуфца со Нусбаумер: Србија ќе го повтори нападот во Бањска доколку не биде казнета


– Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека постои ризик Србија да го повтори нападот како во Бањска, нагласувајќи дека за да се спречи такво нешто неопходно е таа да биде казнета, јави дописникот на МИА од Приштина.


По средбата со претседателот на Националниот совет на Швајцарија, Ерик Нусбаумер, Коњуфца изјави дека Косово се соочува со опасност поради територијалните претензии на српските власти.


– Неизбежна тема во овие околности беше безбедноста на Косово и опасностите со кои се соочуваме поради територијалните претензии што Србија ги има кон Косово.

Ја изразив мојата загриженост дека ако Србија остане неказнета во врска со агресијата на 24 септември во Бањска, таа ќе го повтори ова сценарио.


Таа е една од земјите што не ја санкционира Русија, туку продолжува да соработува со Русија, изјави Коњуфца.

Говорејќи за договорите со Србија, косовскиот собраниски спикер пред медиумите изјави дека Белград не може да биде добар сосед кога се однесува агресивно.


Според него, конкретните прашања од договорот може да имаат рокови, но не можат да имаат рокови за принципите, додека Србија, според него, ги крши договорените принципи.

– Србија ги крши принципите на договорот, тука би можел да споменам два, суверена еднаквост меѓу државите, воопшто не прифаќајќи го како држава, ниту де факто, а второто е принципот да не се спречи Косово да се приклучи кон европските институции.


. . Не можете да имате суверена еднаквост меѓу државите, кога премиерката на Србија, (Ана) Барнабиќ, испраќа писмото за поништување на договорот.

Нема рамноправност на државите кога таа (Србија) го кочи Косово на секој чекор, со да го уништи неговиот меѓународен субјективитет, рече Коњуфца.

Тој нагласи дека Косово има меѓународен субјективитет и без Србија, „но тоа што Србија ги крши сите овие принципи. . . , тоа ни дава за право да не го направиме следниот чекор“.

– Заедницата (на општини со српско мнозинство во Косово) може да има рок, но Заедницата не е принцип.

Ако Србија не напаѓа, ако министерот на Србија вели „кога војската ќе се врати во Косово“, тука се прекршени принципите на договорот, тоа е духот на договорот.

Немаме добрососедство, туку имаме непријателство, не поради нас туку поради Србија и нејзиното позиционирање.

И од наша страна во сите писма и кореспонденции, во аргументирањата, мислам дека тоа ќе биде рамката како да се почне со спроведување, но да се почне со спроведување од принципи, а не од датуми.

Принципите немаат датуми, рече Коњуфца на заедничката прес-конференција со Нусбаумер.

Претседателот на швајцарскиот Национален совет, Нусбаумер ги повика Косово и Србија да преземат чекори што ќе ги спречат тензиите и да се вратат на преговарачка маса.

Нусбаумер средбата со Коњуфца ја оцени како плодна, додавајќи дека Швајцарија е поддржувач на Косово и сојузник за развој и европска интеграција.

– Имавме плодна средба, нашите дискусии ги истакнаа динамичните и моќни односи. Косово и Швајцарија соработуваа и на полето на парламентарната дипломатија.

Ја поздравив соработката на парламентарните експерти. Швајцарија е постојан поддржувач на Косово, Швајцарија е горда на добро интегрираната заедница на Косоварите во нашето општество.

Швајцарија е загрижена поради растечките тензии во однос на српското малцинство во Косово. Ги повикуваме Владата на Косово и Србија да преземат чекори за да се спречат тензиите.

Швајцарија го поддржува дијалогот, Косово има во Швајцарија сигурен сојузник за развој и европска интеграција, рече Нусбаумер, кој за време на престојот во Приштина ќе се сретне и со раководители на други косовски институции.

иа/рп/ .

Извор: МИА