Breaking News

Коњановски: Во Битола ќе се градат три спортски сали


радоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најави значајни проекти за развој на спортската инфраструктура во општината, со што ќе се подобрат условите за спорт и рекреација на учениците и младите.


Во рамки на овие активности, оваа недела започнува реконструкцијата на спортската сала во село Бистрица, каде што ќе се изврши целосна обнова на кровната конструкција и внатрешното уредување. Проектот предвидува мултифункционален простор со можност за користење како спортска сала и гледалиште за културни манифестации, со вкупна инвестиција од 37,6 милиони денари.


Покрај ова, Коњановски одржа работни средби со директорите на основните училишта „Стив Наумов“ од Битола и ПУ „Даме Груев“ од Долно Оризари, каде што ќе се градат две типски спортски сали со површина од 660 м². За овие проекти се веќе изработени урбанистички и градежни документи, а наскоро се очекува и издавање на соодветни одобренија за градење.

„Со овие проекти, но и со реконструкцијата на девет спортски игралишта низ општината, вложуваме во спортот, здравите навики и развојот на младите. Нашата визија е Битола да стане град кој ќе нуди современи услови за спорт и рекреација на сите генерации,“ истакна Коњановски.


Општина Битола продолжува со вложувањата во спортот, образованието и инфраструктурата, со цел создавање подобри услови за живот на граѓаните.