Колоџијак: Во Полска ќе се проверува квалитетот на житото од Украина


– Полскиот заменик-министер за земјоделство Михал Колоџијчак денеска изјави дека ќе се проверува квалитетот на сите пратки со жито од Украина.


– Денеска ќе побарам да се проверат сите пратки со жито кои се увезуваат и на тие за кои е воведено ембарго во Полска.


Кога житарките пристигнуваат во Германија и проверките покажат дека се со лош квалитет, во 99 отсто од случаите се враќаат во Полска, со статус на европски житарки, а не се враќаат во Украина, истакна Колоџијчак.

Полските земјоделци на 9 февруари, на почетокот на едномесечниот протест против политиките на ЕУ и недостигот на владини мерки за заштита на домашното производство ги блокираа патиштата и граничните премини со Украина.


Земјоделците во Франција, Белгија, Португалија, Грција, Шпанија, Германија и Италија протестираат против високите трошоци и, како што велат, нелојалната конкуренција од странство.

ЕУ го либерализираше увозот на земјоделски производи од Украина, со амандман кој дозволува интервенција во случај на нарушувања на пазарот.


Незадоволството на земјоделците го предизвикаа и мерките со кои ЕУ се обидува да ги ублажи климатските промени.  ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА