23/05/2025

Која е причината за смртта на Папата?


Причината за кончината на Папата Франциск ќе биде соопштена во текот на вечерните часови, потврдија извори од Ватикан.


Тие, исто така, наведуваат дека утре се очекува да биде објавен и датумот на погребот на папата.


Франциск, кој страдаше од долготрајно белодробно заболување и на кого во младоста му беше отстранет дел од едно белодробно крило, беше хоспитализиран во болницата Гемели на 14 февруари поради респираторна неволја која ескалираше во пневмонија.

Во болницата помина 38 дена, што претставува најдолг престој во болница за време на неговиот 12-годишен понтификат.


Агенцијата Анса претходно информираше дека церебрална хеморагија е можна причина за смртта на Папата Франциск, а не респираторните компликации кои произлегуваат од неговата скорешна пневмонија. Според она што го дознава АНСА од добро информирани извори, “мозочно крварење е можна причина за смртта на Франциск.”

Неговата смрт настапила неочекувано утрово во 7:35 часот и, како што се наведува, не е во директна корелација со заболувањата на респираторниот систем. Мозочното крварење всушност е “полоша и погубна варијанта на мозочен удар.” јт/Фото: Ватикан Њуз .