Демонстрациите во Кочани денес продолжија пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани.
Жителите, вклучувајќи и голем број млади луѓе, истакнаа дека бараат правичност за своите најблиски кои настрадаа во пожарот и сторителите да ги добијат заслужените санкции.
Пред тоа, тие пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да се појави градоначалникот.
Собирот започна во паркот, но потоа продолжи пред општинската зграда со скандирања „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.
Во меѓувреме, група граѓани во Кочани го искршија кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот како на дискотеката „Пулс“ каде во пожар животот го загубија 59 лица.
Во несреќата во дискотеката во Кочани, според најновите службени податоци, загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.