Кишида побара да се усвои план од 30 или повеќе проценти жени менаџери во големите компании во Јапонија


Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска побара од неговата Влада да изготви план за зголемување на бројот на жени менаџери во големите компании за најмалку 30 проценти до 2030 година.


– Сакаме 30 или повеќе проценти од менаџерите да бидат жени до 2030 година во компаниите котирани на берзата во Токио, рече Кишида на состанок посветен на родовата еднаквост.


Според владините истражувања, жените минатата година имале 11,4 отсто од раководните позиции во големите компании.

Кишида оцени дека гарантирањето на различноста ќе ги поттикне иновациите и економијата.


Во Јапонија постои голема родова нееднаквост, особено во политиката и на менаџерските позиции во компаниите. Разликата во платите меѓу мажите и жените е исто така многу голема. јт/

Фото: Пиксабеј