– Кина ги повика странските мисии да ја отстранат „политизираната пропагандата“ од своите згради, изјавија неименувани дипломати.
Тие тврдат дека барањето најверојатно се однесува на украинското знаме, што беше истакнато од почетокот на руската инвазија.
Неколку недели откако Русија ја започна, како што ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина, плакат со украинско знаме беше поставен на надворешниот ѕид на Амбасада на Канада во Пекинг, а беше обезличен со анти-НАТО графити.
Мисиите на Европска Унија, Велика Британија, Германија и Полска во Пекинг, исто така, истакнаа слики од украинското знаме.
Кина повика на мир во Украина, но се воздржа од осуда на својот сојузник Русија, што наиде на критики од западните земји.
Некои амбасади во Пекинг, исто така, веат знамиња со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, за да го одбележат денешниот Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата и месецот на гордоста на ЛГБТ во јуни.
ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА