11/03/2026

Киев: Русија лансира „рекорден број“ на дронови против Украина на новогодишната ноќ


– Русија лансираше 90 дронови неколку часа пред Нова година, соопштија украинските воздухопловни сили. Во објава на Телеграм, се вели дека вкупно 87 дронови биле успешно соборени.


– Непријателот употреби рекорден број на дронови за напад од типот Шахед, стои во објавата и се прецизира дека нападот бил извршен во бранови од четири правци.


Се тврди и дека Русија ја нападнала Украина со четири противвоздушни наведувани ракети С-300 во Харков. јт/ .

Извор: МИА