Breaking News

Казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје и во Струга


Казнети и затворени денеска се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.


– Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата.


Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!, напиша вечерва на својот Фејбук профил Трајковски.

 Тој апелира до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.


мд/Фото: Фејсбук на Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат  .

Извор: МИА