Breaking News

Карапетрова и Ристов дадоа свечена заклетва како нови членови на ДИК


Новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.


Собранието ги избра Карапетрова и Ристов за нови членови на ДИК на седницата одржана на 12 ноември.


Тие доаѓаат на местата на досегашните членови на ДИК Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана заменик-генерален секретар на Собранието и на Радица Ристеска од СДСМ која замина во пензија.

Светлана Карапетрова е дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово, Ангелчо Ристов е дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево.


са/фф/Фото: Собрание .

Извор: МИА