23/05/2025

Какво време не очекува овој продолжен викенд?


До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.


Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.


Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени. дма/са/