Народите низ планетата започнаа со подготовки за комеморација на оставината на папата Франциск, кој почина денес, објави Би-Би-Си. Ватикан ќе организира јавно богослужение во 19:30 часот според локално време.
Во Аргентина, татковината на папата, прогласени се седум дена државна тага.
Бразил исто така најави еднонеделна национална жалост, за која претседателот Лула изјави дека е во чест на неговото дело.
Во Австрија, црковните камбани ќе бијат низ целата држава во 17:00 часот по локално време. Црни знамиња се исто така истакнати на црквите и црковните градби.
Реквиемска миса ќе биде одржана за папата во катедралата Свети Стефан во Виена во 18:00 часот.
Во Велика Британија, кралските живеалишта ќе го веат британското знаме на половина копје, исто како британската амбасада во Ватикан. Во Шпанија се прогласени три дена жалост.
Во Франција, ѕвоната на катедралата Нотр Дам во Париз денес претходно заѕвонија 88 пати. Вечерва ќе бидат исклучени светлата на Ајфеловата кула. јт/Фото: ЕПА .