Во денешно време, барателите на финансиска помош имаат безброј опции, правејќи ја нивната одлука тешка. Но, доколку ви се достапни експертски совети како да ги споредите различните кредитни понуди на пазарот, можете брзо и лесно да го пронајдете вистинскиот кредит според вашите потреби и можности.
Кредитите иако се комплексни финансиски алатки, со доволна информираност, едукација, и истражувачки вештини, секој може да направи споредба помеѓу нив.
Сликата е превземена од: shutterstock.com / Автор: ronstik
Како Да Ги Споредите Различните Кредитни Понуди На Пазарот?
Со развојот на финансискиот систем се појавија голем број на ентитети кои нудат различни видови на финансиска помош. За потенцијалните клиенти, од клучна важност е да знаат која од безбројните опции е најдобриот избор за нивните финанскиски потреби. Најдобар начин да се направи тоа е споредба на понудите.
Пред да започне со истражувањето на условите и понудите, секој кредитобарател треба да има јасна претстава за сумата на пари која му е потребна и колкава е неговата финансиска способност за навремена отплата на кредитот.
Потоа, за да се најде најдобрата и најприкладната понуда за финансирање, потребно е да се земат предвид следните фактори:
- Репутација на кредитодавателот
- Висина на финансиската помош и намена
- Брзина на одобрување и исплаќање на финансиските средства
- Процес на аплицирање и потребна документација
- Вид и висина на каматна стапка
- Вкупни трошоци за кредитот
- Рок на исплата
- Осигурување
Постојат и онлајн алатки кои прават споредба на кредитните понуди на пазарот откако ќе им бидат зададени основни параметри како вид на кредит, висина и рок на отплата. За жал, тие во моментот прават споредби само од одредени банки и не ги вклучува поголемиот број на достапни кредити.
Репутација на кредитодавателот
Иако во државата е строго регулиран процесот на кредитирање, не секој понудувач на кредити е веродостен и транспарентен. Затоа, првата елиминација на кредитните понуди треба да се направи според репутацијата на кредитодавателот.
Во исто време, може да биде од голема помош да се одлучи за типот на кредитодавателот кој повеќе одговара во одредената ситуација. Дали е од поголема корист тоа да биде банка како традиционална финансиска институција, или пак да се побара финансирање од финансиско друштво?
Висина на финансиската помош и намена
Следно, висината и намената за кои се потребни финансиските средства можат да бидат едни од решавачките фактори за видот на кредит.
И финансиските друштва, и банките имаат посебни видови на кредити според намената за која ќе се користат финансиските средства. Затоа, може да биде од голема предност да се обрне внимание на висината и намената бидејќи може да се добие кредит со поповлни услови.
Како на пример, доколку станува збор за помали суми, без разлика на нивната намена, најдобрата опција може да се најде во форма на брз кредит. Во спротивно, позајмувањето на високи суми на финански средства со одредена намена како купување на недвижен имот, е препорачано, и најчесто возможно само од банките.
Брзина на одобрување и исплаќање на финансиските средства
За одредени кредитобаратели е од особена важност за колку време ќе добијат одговор на нивната апликација, и кога ќе ги имаат финансиските средства на располагање. Во такви случаи на итност, бројот на понуди кои влегуваат во потесниот круг за избор значително ќе се намали.
Процес на аплицирање и потребна документација
Секој кредитодавател има посебни правила за апликација и поднесување на барање за кредит. Освен тоа што тие може да се разликуваат од еден понудувач до друг, тие исто така можат да бидат различни во зависност од видот на кредит за кој треба да се аплицира.
Како на пример, брзите кредити и оние апликации од кои се бара помала сума на пари, имаат генерално лесен процес на аплицирање и не е потребна некоја сложена документација.
Каматни стапки
Уште еден значаен начин како да ги споредите трошоците за кредити од различни банки и финансиски друштва е проверка на видот и висината на каматните стапки. Кога станува збор за видот на кредитни стапки, тие можат да бидат фиксни и променливи.
Фиксните кредитни камати остануваат во текот на целиот период на отплата, додека пак променливите можат да се менуваат според претходно утврдени критериуми.
Се разбира, освен видот на кредит, многу важен фактор за одлучување која кредитна понуда на пазарот да се прифати е висината на каматната стапка. Каматната стапка е особено важна бидејќи значително влијае на финансиските средства кои потрошувачот на кредитот е должен да ги врати во одреден рок.
Вкупни трошоци на кредитот
Освен каматната стапка, обврска на потрошувачот на кредит е да покрие и други трошоци поврзани со кредитот. Тие можат да бидат задолжителни и незадолжителни.
Секоја финансиска институција која нуди кредити има посебен начин на одредување на висината на трошоците. Некои видови на трошоци се наплаќаат според фиксен тарифник, додека други се пресметуваат како процент од главницата.
Трошоци кои треба да се земат предвид при при секоја анализа на кредит се:
- Трошоци за аплицирање
- Провизија за обработка на барање на кредит
- Трошоци за одобрување на кредит
- Провизија за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро
- Провизија за издавање на документи и останати незадолжителни дополнителни услуги
- Провизии за поценка на колатерал
- Провизии за предвремена исплата
- Трошоци за неисполување на обврските
- Трошоци за ненавремена отплата на кредит
- Трошоци за осигурување
- Трошоци за издавање амортизационен план
Сликата е превземена од: shutterstock.com / Автор: sweet_tomato
Број на рати
Можните рокови за исплата и бројот на вкупен број на рати се исто така еден од начините како да ги споредите различните кредитни понуди на пазарот. Генерално, постојат краткорочни и долгорочни кредити, но во нив има повеќе опции за избирање на бројот на месечни рати во кои треба да се исплати кредитот.
Можноста за земање на кредит на повеќе месечни рати има свои предности и недостатоци. Од една страна, висината на месечните ануитети ќе биде помала, но за сметка на тоа ќе треба да се покрива камата подолг временски период. Затоа, флексибилноста во избирањето на бројот на месечни рати може да има значителни финансиски бенефити за кредитобарателот.
Како дополнителен фактор како да ја изберете најдобра кредитна понуда на пазарот, може да се наведат и условите за делумна и целосна предвремена исплата на недоспеаната сума на кредитот. Најважно е добро да се запознаат кредитобарателите со провизиите, начинот и импликациите од предвремена исплата на кредитот.
Осигурување
Некои видови на кредити, во своите услови за одобрување имаат наведено потреба од колатерал, односно осигурување во случај да кредитобарателот не е во можност навремено да го исплати кредитот. Ова е најчесто случај со кредитите кои се за наменети за повисоки суми, имајќи предвид дека кредитниот ризик кај нив е повисок.
Заклучок
Во моментот, има огромен број на понудувачи на кредити, и уште поголема понуда. Затоа, доколку ви е потребна финансиска помош, треба да знаете како да ги споредите различните кредитни понуди на пазарот. Во предвид треба да земете повеќе фактори од кои најважни се репутацијата на кредитодавателот, каматните стапки, останатите трошоци, процесот на аплицирање, брзината на одобрување и останатите услови за кредитирање.