Владата има свој премиер, а се претпоставува дека има и составен преговарачки тим.
„Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде“, изјави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на прашање од новинар дали е можна нејзина замена со Таравари, кој најави повлекување од Владата, каде што ја извршува функцијата министер за здравство.
Во врска со прашањето дали би ја прифатила позицијата доколку ѝ биде понудена, Јаневска рече дека е прерано да се размислува за такво нешто.
„Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме“, нагласи Јаневска.
Таа потенцираше дека изјавата на Билал Касами за можноста секторот за здравство да биде доделен на ВМРО-ДПМНЕ ја слушнала преку медиумите.
„Како министер за образование имам толку многу обврски да завршам што навистина не размислувам, ниту сум вклучена во тие преговори и повторно ќе кажам, има одговорно лице кое ќе каже како треба да биде“, подвлече министерката.
мч/лв/фото: МИА