Breaking News

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас


– Израелскиот безбедносен кабинет на денешната седница  го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на заложници за палестински затвореници, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.


По одобрувањето од безбедносниот кабинет, договорот треба да биде одобрен и од израелската Влада.


По нејзиното одобрување договорот за прекин на огнот ќе стапи во сила в недела (19 јануари) со ослободување на првите заложници.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА