Breaking News

Израелската армија повикува резервни бригади


– Израелската војска соопшти дека повикала четири дополнителни резервни бригади за оперативни мисии на северната граница со Либан.


– Ова ќе овозможи продолжување на оперативните активности против терористичката организација Хезболах и постигнување на оперативните цели, вклучително и безбедно враќање на жителите на северен Израел во нивните домови, се вели во соопштението на армијата.


јт/Фото: Армија на Израел  .

Извор: МИА