Breaking News

Изгласана новата Влада на Хрватска


По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).


За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан.


На денешната седница присуствуваа 141 пратеник.

Новата влада наместо досегашните 16 министерства ќе има 18, а три ќе му припаднат на Татковинското движење кое ги доби министерствата за земјоделство, економија и новооснованото министерство за демографија.


Владата ќе има седум потпретседатели, од кои еден е од ДП.

Пленковиќ синоќа до Собранието го достави списокот на министри и програмата на новата влада, во која беше наведено дека приоритетите на новата влада се успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.


Меѓу другото, како цели се наведени растот на просечната плата од сегашните 1. 250 евра на 1. 600 евра и поттикнување на отворање на 125. 000 работни места. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА