23/05/2025

ИТАЛИЈАНСКИОТ НИРВАНА ТРИБЈУТ БЕНД „MARIGOLD BOX“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ


Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, NIRVANA. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!


Marigold Box е европскиот бенд на Нирвана кој на 22ри февруари доаѓа во Скопје од Бергамо, Италија.


Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.

Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо.


Клуб Минус Еден Скопје, 22 февруари, 20:30h, е избраната локација, а билетите по промотивна цена може да се набават од www.drugastrana.mk