23/05/2025

Иран: Задутре во Мускат трета рунда американско-ирански преговори


Следната седмица во Мускат, главниот град на Оман, ќе се одржи третата рунда разговори меѓу Иран и САД во врска со нуклеарната програма на Техеран, соопшти синоќа иранскиот заменик министер за надворешни работи, Казем Гариб Абади, нагласувајќи присуство на посредници.


Абади јасно стави до знаење: „Нема да преговараме за правото на Иран да збогатува ураниум и за тоа дека збогатувањето ураниум е една од нашите црвени линии.”


Тој додаде: „Иран не се стреми кон нуклеарно оружје, а збогатувањето ураниум во нашата земја се врши за мирољубиви цели. Експертските и техничките состаноци ќе се одржат индиректно во Мускат во среда оваа недела. Значи, ние во моментов ги дефинираме општите принципи на преговорите.”

Абади исто така спомена дека на претходната средба со САД, двете страни постигнале меѓусебно разбирање за општите клаузули од договорот за иранската нуклеарна програма.