28/03/2025

ИДФ нападна позиција на Хезболах во централен Либан


– Израелските безбедносни сили (ИДФ) соопштија дека нападнале позиции на Хезболах во централниот дел на Либан.


Во соопштението се наведува израелски авион гаѓал систем за противвоздушна одбрана на Хезболах.


Израелската армија изминатите недели изврши повеќе напади врз цел на Хезболах во јужниот и југоисточниот дел на Либан.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА