Објавувањето на анкетните листови на политичарите, пратениците и функционерите ја исфрли на површина разликата меѓу домашните политичари и оние што доаѓаат од странство. Прегледот на имотната состојба на сите нив покажува дека оние политичари кои потекнуваат или доаѓаат од друга држава располагаат со поголем и поразновиден имот од домашните. Дел од овој имот што го поседуваат како и заштедите се наоѓа во странство, најчесто во земјите од каде потекнуваат или каде им започнала професионалната кариера, пишува МКД.мк.
Tоа го покажа и имотниот лист на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која пријавила дека поседува имот во Македонија, но и во земјите од каде што потекнува или каде што живеела и работела. Министерката Божиновска пријавила два стана во Скопје, 87 квадратни метри и 60м2, стан во Белград 60м2, во Лисабон 72м2, во Шпанија, Естепона 90м2 и во Барселона од 82 квадрати, накит и уметнички слики, возило.
Од новиот состав на Владата, Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење кој доаѓа од Белгија, според анкетниот лист можеби е најбогатиот министер. Тој во Македонија, во Опае и Слупчане пријавил куќа и градежно изградено земјиште, како и друг недвижен имот. Во скопската општина Карпош има стан од 46 квадратни метри, стекнат со договор за купопродажба. Во Слупчане и Опае има неколку парцели земјоделско земјиште од наследство. Во Белигија на свое име има три станбени згради. Вози „ленд ровер“ и „мерцедес“, а има две возила „ауди“ и еден „опел“. На свое име пријавил и злато.
За целиот текст на МКД.мк