12/03/2026

Classic Layout

Започнува имплементацијата на проектот „Star for Life“ во Општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром, го посетија ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Посетата се реализира како продолжение на активностите од неодамна потпишаниот трипартитен меморандум за имплементација на проектот „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и …

Повеќе »

Иран забрани извоз на храна во услови на војна

Иранските власти денеска го забранија извозот на прехранбени производи во услови на војна, објави иранска новинска агенција. „Извозот на сите прехранбени и земјоделски производи е забранет до натамошно известување. Владата дава приоритет на снабдувањето на населението со основни производи“, наведува агенцијата поврзана со Исламската револуционерна гарда. Иранските власти воведоа план …

Повеќе »

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата во 2025 најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да остваруваат резултати

Растот на економијата во 2025 година е најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да се креираат и да остваруваат резултати – рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска осврнувајќи се на најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика. Кочоска на прес-конференција напомена дека БДП …

Повеќе »

Јаневски на Копаоник бизнис форум: Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот, инвестираат и имаат јасна стратегија

Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден …

Повеќе »

МЕРМС: Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА) постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) …

Повеќе »

Генералниот секретар на НАТО, Руте пристигна во Скопје

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на скопскиот аеродром го пречека генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава. – Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да …

Повеќе »

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици. Во рамки на своите надлежности, Министерството ја информира јавноста дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на …

Повеќе »

„Иднина која инспирира“: dm лансира платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата

Компанијата dm drogerie markt ја претставува платформата „Иднина која инспирира“, иницијатива насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Со тоа започнува серија активности чија цел е да се охрабрат луѓето да се вклучат во промените така што поединци ќе споделуваат приказни …

Повеќе »

Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt: 237 производи во само една нарачка

Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи како дигиталните платформи можат да отворат нови можности за раст на малите, семејни бизниси во Македонија. Ова е …

Повеќе »

Визер привремено ги суспендира летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток

Авиокомпанијата Визер соопшти дека привремено ги суспендира летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток поради влошената безбедносна состојба и зголемените ризици во воздушниот простор во регионот. Од компанијата наведуваат дека одлуката е донесена како превентивна мерка со цел да се гарантира безбедноста на патниците и екипажот. Суспензијата се однесува на …

Повеќе »