11/03/2026

Фото: https://pixabay.com/photos/flag-heaven-city-new-york-3158666/

Гутереш предупредува за можноста од финансиски колапс на ОН


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска упати сериозно предупредување дека организацијата се соочува со „имагинарна опасност од целосен финансиски крах“ како резултат на недостиг на средства и регулативите за трошење, според кои организацијата мора да ги враќа неискористените буџетски средства.


„Кризата се продлабочува, имплементацијата на програмите е доведена во прашање и постои реален ризик од финансиски колапс“, потенцираше Гутереш во порака упатена до амбасадорите на 28 јануари, додавајќи дека „ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во блиска иднина“.


Оваа финансиска неизвесност претставува закана за меѓународната институција, која обединува 193 земји-членки од сите континенти. Причина за оваа состојба делумно е и одлуката на најголемиот финансиер, САД, да го намалат доброволното финансирање на агенциите на ОН.

Соединетите Американски Држави одбиваат да ги реализираат своите обврски за задолжителни исплати кон редовниот буџет на ОН, како и кон буџетот за мировни мисии.


„Или сите земји-членки ги исполнуваат своите обврски за целосно и навремено плаќање, или земјите-членки мора суштински да ги преиспитаат нашите финансиски правила за да го спречат неизбежниот финансиски колапс“, истакна Гутереш.

Тој предупреди дека до јули Обединетите нации би можеле да останат без потребните финансиски средства.